Руските инвеститори ја купуваат кипарската банка Лаики?

Русите се заинтересирани за купување на кипарска банка.

Постигнат е договор за купување на Cyprus Popular Bank (Laiki) од страна на руски инвеститори, соопштува весникот Катимерини.

Договорот кој засега е само устен предвидува намалување на долгот на Кипар, со што државата би излегла од кризата.

Но портпаролот на кипарската влада тврди дена ништо не е договорено.

Советот на директори на Лаики до неодамна го предводеше Михалис Сарис, актуелен министер за финансии на Кипар. Тој вчера допатува во Москва за да преговара со руските власти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња