Руски физичар доби најголема награда во светот на науката

Руската физика повторно доби признание од светски рамки.

Рускиот научник Александар Полјаков е удостоен со награда за достигнувања во областа на фундаменталната физика. Најголемата награда на светот, во износ од 3 милиони долари, членот на Руската академија на науки ја доби за откритие во теоријата на полето и теоријата за жиците.

Наградата ја основа рускиот претприемач Јуриј Милнер, ко-сопственик на интернет-компанијата DST Global и Mail.ru Group. Церемонијата е одржана во средата во Женева, а истата ја водел познатиот американски актер Морган Фриман. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња