Владимир Путин имаше состанок со советот за спорт, на кој предложи да се подигнат визните ограничувања во Русија до 2018 година за странските спортисти кои ќе учествуваат во поголемите натпревари.
На 19 март се одржа заседание на советот за спорт, на кој претседателот на Русија, Владимир Пиутин предложи да се укине визниот режим во Русија до 2018 година за странските спортисти кои ќе учествуваат во натпреварите.
„До 2018 година во Русија треба да се одржат вкупно 20 поголеми меѓународни натпревари“, додаде шефот на државата. „Ќе биде најправилно доколку воведеме безвизен режим за спортистите кои ќе учествуваат во тие натпревари“.
Воопшто нема сомнежи дека Думата ќе го одобри предлогот на Путин. „Јас сметам дека тоа е добра идеја и ние ќе ја поддржиме таа иницијатива“, забележа шефот на комитетот по физичка култура во Думата, Игор Анаских.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче