Најголемиот независен произведувач на гас, НОВАТЕК, според резултатите од своето работење, може да им исплати на своите акционери 12 милијарди рубљи, а доколку се додадат и исплатените 21 милијарда рубљи за првата половина од годината - ќе се добие сума еднаква на 30% од чистиот приход на компанијата. Акциите на НОВАТЕК се скапи, за нив има голема побарувачка, што, пак, ја намалува дивидендата во споредба со помалку привлечниот „Гаспром“.
Советот на директорите на НОВАТЕК им препорача на акционерите да одобрат за исплата дивиденди во вредност од 3,86 рубљи (околу 5 денари) за обична акција. Според ова, НОВАТЕК ќе им исплати на своите акционери во вредност од 12 милијарди рубљи (387 милиони долари), пресмета аналитичарот на USB, Константин Черепанов.
Чистиот приход на НОВАТЕК во 2012 година изнесувал речиси 70 милијарди рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче