Кипар не се договори со Русија за помош, но предлага за продажба банки и наоѓалишта на ресурси

Премиерот Дмитриј Медведев им се закани на властите на островската држава дека ќе го раскине договорот за избегнување на двојното оданочување.

Вчера министерот за финансии на Кипар, Михалис Сарис, започна во Москва преговори за добивање на помош за спасување на економијата на државата. На островот му требаат околу 17 милијарди евра, од кои 10 милијарди е подготвена да даде ЕУ, Европската централна банка и ММФ, но под услов 5,8 милијарди Кипар да најде сам. Решавањето на втората задача кипарските власти сакаа да го решат со воведување на данок во банките, но во вторникот кипарскиот парламент го отфрли тој проект. После ова, на Кипар му останува да се надева или на омекнување на позицијата на ЕУ, ММФ и ЕЦБ, или на помош од страна на Русија.

Сарис одржа две средби - најпрво со министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, а потоа со првиот вице-премиер, Игор Шувалов. Официјално кипарскиот министер дојде за да разговара за преструктуирање на кредитот кој Русија го дадена Кипар во 2011 година. Исто така, Сарис донесе во Русија предлози за купување на кипарските активи. Според зборовите на руските чиновници, биле предложени за продажба и енергетски проекти, вклучувајќи и перспективни наоѓалишта.

После преговорите Сарис изјави дека страните засега за ништо не се договориле. Тој вети дека ќе ги продолжи преговорите денеска и дека нема да замине од Русија додека не постигне „барем некаков договор“. Руската страна не дава никаква дополнителна информација за содржината на преговорите.

За тоа дека е разговарано за спасување на кипарските банки сведочи и учеството на претседателот на ВТБ банката, Андреј Костин. Кипарскиот весник Катимерини веднаш објави дека е постигнат договор за купување на кипарската Cyprus Popular Bank. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња