Кипар. Не може да се помогне на сиромашниот, без да се земе од богатиот

Кипарската банкарска криза создаде уникатна ситуација во европските средства за масовно информирање. За прв пат од создавањето на Европската Унија, руското раководство и повеќето весници во Европа заедно го критикуваат раководството на Европската Унија.

Кипарската банкарска  криза создаде уникатна ситуација во европските средства за масовно информирање. За прв пат од создавањето на Европската Унија, руското раководство и повеќето весници во Европа заедно го критикуваат раководството на Европската Унија.

Да потсетиме дека Владимир Путин го нарече предлогот на Еврокомисијата „проблематичен, непрофесионален и опасен“, а Дмитриј Медведев го спореди со „обична конфискација, добро позната на Русите од 20 век“.

А еве што пишува за Кипар весникот Financial Times - место Европа да ѝ фрли на оваа земја спасувачка гума, таа врзува камен за побрзо да потоне оваа земја. Според мислењето на овој британски весник, лидерите на Европската Унија само додадоа масло и во така разгорената ситуација, приморувајќи го кипарскиот претседател да каже дека „нема никаква алтернатива за 10-те проценти данок на кипарските влогови“.

„Еврогрупата, во која има чиновници од неколку органи на Европската Унија, може да го доведе Кипар до банкрот. А тоа може да доведе до  трагични резултати за сите нас. Ако решението да се конфискуваат парите на штедачите сепак се прифати, тогаш странските инвеститори ќе си ги повлечат сите средства, но не само тоа - дури и кипарските граѓани ќе ги затворат своите сметки во банките. И тешко дека ќе поверуваат дека нема повторно да се воведе таков данок“, изјави Статис Китис, поранешен член на кипарскиот парламент, а сега шеф на кипарската телекомуникациска компанија.

Шефот на кипарската Трговска палата, Андреу Филокипрос, го спореди предлогот на Еврокомисијата со влегувањето на турската војска во Кипар во 1974 година. Германскиот весник Das Spoegel го цитира: „Фрау канцеларката по име Ангела Меркел и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле им наштетија на голем број невини луѓе. И за што? За да им наштетат на пет или шест руски олигарси? Во оваа ситуација ние, жителите на Кипар, се чувствуваме како жртви“.

Но на Кипар со разбирање се однесуваат кон чудењето на Москва, и воопшто за оваа ситуација не ја обвинуваат Русија, туку Европската Унија. Но најтрагичното во оваа ситуација е тоа што од кипарскиот крах ќе настрада не само Русија, туку и самата Европска Унија.

Според Статис Китис, загубите кои ќе ги претрпат европските земји ќе ги надминат руските - „Тоа нема да застане само на Кипар. Оваа историја ќе создаде домино ефект и во секоја друга држава во јужна Европа, бидејќи и Италија, Шпанија и Португалија се судираат со истите проблеми како и Кипар. И кога тие ќе се обратат со молба за пари до ЕУ, ќе го добијат истиот одговор како и ние - ’земете ги парите од штедачите, од нивниот џеб’. Ние можеме да го направиме тоа и без ЕУ. Тогаш зошто воопшто ни е потребна Европската Унија?“

И се појавува сосема логично прашање: зошто на Европејците им е потребна таква Европска Унија? Како што се чини после ова, ЕУ е чуден бирократски механизам кој не е способен да им помогне на своите членови, а место помош, нив ги тера на самоубиствена економска политика. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња