Војската на Индонезија планира да купи од Русија уште 16 ловци од компанијата Сухој. Не е познато точно за кој модел се работи. Се претпоставува дека договорот ќе биде потпишан во рамките на големата програма за модернизација на вооружените сили на Индонезија, за кој е предвидено издвојување на буџет од околу 15 милијарди долари за пет години.
Во средината на февруари Русија и Индонезија потпишаа договор за испорака на шест ловци Сухој-30МК2 во вредност од 470 милиони долари. Тоа е најголем договор во целата историја на билатералната воено-техничка соработка. Два од шесте авиона се веќе испорачани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче