Свердловската област сака „начитани и интелектуално развиени“ војници

Во Свердловската област започна акција „Книги за војската“, која има за цел собирање книги за воените единици.

Во Свердловската област започна акција „Книги за војската“, која има за цел собирање книги за воените единици. Предлогот за започнување на оваа акција го изнесе министерот за култура на Свердловската област, Павел Креков.

„Донесена е одлука во рамките на библиотеката ’В.Г. Белински’ да се создаде пункт за собирање книги“, кажуваат во библиотеката и додаваат: „Апелираме граѓаните да се јават на повикот за учество во акцијата“.

Библиотеката за регрутите ќе собира нови наслови, романи на познати писатели, како од руски, така и од странски писатели.

Во Министерството за култура на Свердловската област како една од основните цели се јавува и организирањето на воспитната работа. „Од голема важност е младите заштитници на татковината од војската да се вратат не само како зрели и физички силни, туку и како интелектуално развиени млади луѓе“, истакнуваат во Министерството. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња