Соработниците во опсерваторијата на Новосибирскиот универзитет (НГУ) ја фотографираа кометата Pan-STARRS, која жителите на Новосибирск ја набљудуваат од втората половина на март, соопшти за РИА Новости Алфија Нестеренко, одговорна во астрономскиот комплекс и во лабораторијата за физика и спектроскопија.
Оваа комета беше откриена на 6 јуни 2011 година. Таа лета од Облакот Оорта и има две опашки.
За да се набљудува кометата, доволно е да се користи и обичен двоглед.
Жителите на Новосибирск ќе можат да ја набљудуваат кометата до април.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче