Јамајка ги укина визите за Русите

И Јамајка воведе безвизен режим за граѓаните на Русија.

Јамајка ги укина визите за граѓаните на Русија, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

„Властите на Јамајка на 7 март 2014 година воведоа безвизен режим за влез на територијата на оваа земја на руските граѓани кои патуваат како туристи или како дел од културната размена во период до 30 календарски денови“, соопшти министерството. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња