EasyJet започна со летови на релација Лондон-Москва

Евтин авионски превоз меѓу Русија и Велика Британија.

Британската нискобуџетна авиокомпанија EasyJet во понеделник започнува со редовни летови на релација Лондон-Москва. Цената на картите во еден правец чинат околу 3.500 денари.

Летови ќе има секој ден од аеродромот „Gatwick“ до аеродромот „Домодедово“ и назад. Планирано е од средината на април да биде воведена уште една дневна линија на овој правец.

Основната тарифа им дава право на патниците да летаат само со рачен багаж, а за поголем багаж ќе мора да доплатат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња