Цензура и на Твитер

Твитер ги блокираше руските корисници кои распространуваат противправни содржини.

Твитер се согласи да соработува со руската Федерална служба за надзор во сферата на комуникациите, информатичките технологии и масовните комуникации (Роскомнадзор). Интернет-сервисот го ограничи пристапот на корисниците од Русија до материјалите кои содржат противправна содржина, изјавено е во руската служба.

Администрацијата на Твитер блокираше три записи кои пропагираат самоубиство и два материјала за распространување на информација за наркотици. Корисникот кој ги рекламирал наркотиците веќе има блокиран профил.

Роскомнадзор ја оцени позицијата на Твитер како конструктивна. Федералната служба смета дека двете страни ќе успеат да формулираат правилен алгоритам на земно дејство. Тоа ќе дозволи да се избрише незаконската содржина во временски рамки кои ќе бидат прифатливи и за двете страни, се кажува во соопштението на Федералната служба во петокот.

Според постојното законодавство, сопствениците на интернет-страници се обврзани да ги бришат од своите ресурси информациите кои содржат детско порно, повици за самоубиство или упатства за одгледување или создавање на наркотици. Доколку се открие ваква содржина, истата веднаш влегува во единствениот државен регистар кој постои од ноември 2012 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња