Борбата со корупцијата во Русија влезе во нова фаза

Во февруари претседателот Владимир Путин стави на разгледување во Државната Дума закон, според кој се забранува чиновниците да имаат сметки во банките во странство, како и хартии од вредност.

Во февруари претседателот Владимир Путин стави на разгледување во Државната Дума закон, според кој се забранува чиновниците да имаат сметки во банките во странство, како и хартии од вредност.

Појавата на претседателскиот предлог-закон стана причина за појава на дебати во руското општество, како и во парламентот. Претседателскиот предлог-закон предвидува забрани на сметките на сите државни службеници, вклучувајќи ги и членовите на советите на директори на Централната банка, чиновниците на субјектите на Руската Федерација, како и функционерите во државните корпорации. На чиновниците ќе им биде забрането да отвораат сметки во странски банки дури и за плаќање на образованието на своите деца или за лекување. Единствено што ќе им биде дозволено - ќе биде купување на недвижнини во странство, но и тој процес ќе биде строго контролиран. Во случај  на нарушување на ова правило ќе биде предвиден отказ за државниот чиновник. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња