Московскиот меѓународен аеродром „Шереметјево“ го проширува асортиманот на услуги за патниците. Кај терминалот „Аероекспрес“ (електричен воз кој сообраќа од аеродромот до Москва) поставени се скајп-кабини со футуристички дизајн. Во нив се наоѓа екран на допир, звучници и видео-камера.
Екранот се вклучува автоматски штом корисникот влезе во кабината. Врската се воспоставува кога корисникот внесе корисничко име и лозинка, а врската се прекинува кога корисникот ќе излезе од кабината.
Како што пренесува „Руска реч на македонски“, според податоците од независно истражување, спроведено од Меѓународниот совет на аеродроми, „Шереметјево“ е прогласен за најдобар аеродром во Европа според квалитетот на услуга.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче