Русија продаде 3.000 калашникови на Мали

Мали купува оружје во време на војна со бунтовниците.

Руската државна компанија „Рособоронекспорт“ склучи договор со Мали за испорака на околу 3.000 модернизирани автоматски пушки калашников со калибар од 7,62 мм, соопшти извор од воено-индустрискиот комплекс на Русија.

Договорот е потпишан во септември 2012 година. Вредноста на договорот надминува 1 милион долари. Изворот не прецизираше дали пушките се веќе испорачани во оваа западно-африканска земја.

Исто така, познато е дека владата на Мали во своето писмо бара од Русија и хеликоптер за владините сили кои водат борба со бунтовниците, како и воена опрема и малокалибарско оружје. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња