Путин: Воведувањето на данокот на банкарските депозити е неправедно и опасно

Кипар, данокот на банкарски влогови и иднината на руските пари.

Рускиот претседател Владимир Путин одржа краток состанок со раководството на својата администрација, соработниците и советниците кои се задолжени за економски прашања. На состанокот е разгледана економската ситуација во еврозоната, изјави за новинарите портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков.

„Оценувајќи ја одлуката на Купар да наметне дополнителен данок на банкарските депозити, Русија рече дека оваа одлука, доколку истата биде усвоена, ќе биде неправедна, непрофесионална и опасна“, изјави Песков. Според оценката на агенцијата Moody’s, руските банки кои вршат финансиски операции на Кипар ризикуваат 43 до 53 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња