Позицијата на Русија за ЕвроПРО нема да се измени поради откажувањето на САД од дел од програмата

Откажувањето на САД од реализација на клучната етапа од создавањето на системот за противракетна одбрана (ЕвроПРО) во Полска нема да повлијае на позицијата на Русија по ова прашање.

Откажувањето на САД од реализација на клучната етапа од создавањето на системот за противракетна одбрана (ЕвроПРО) во Полска нема да повлијае на позицијата на Русија по ова прашање, нејзините забелешки сѐ уште се остануваат, соопшти заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Рјабков.

Во петокот стана јасно дека САД решија да се откажат од ПРО во Полска, предложувајќи да се реализира планот за создавање на ПРО во Европа. Притоа, во Пентагон подвлекоа дека решението не е поврзано со Русија, која има јасен негативен став околу ПРЗ во Европа.

„Ова не е отстапка во корист на Русија, и ние како таква нема да ја сметаме. Сите аспекти на стратешката неопределеност поврзани со создавање на системот за ПРО од САД и НАТО - остануваат. Соодветно, во сила остануваат и нашите противења“, изјави Рјабков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.