Руските власти се загрижија за здравствената состојба на младата популација, која сѐ повеќе време поминува на компјутерите и пред телевизиските екрани.
Физичката култура губи во конкуренцијата на искористување на слободното време од страна на руските деца. Нејзиното место е заземено од „седечкиот начин на живот“, изјави Владимир Путин на состанокот посветен на развојот на детскиот спорт.
Според зборовите на Путин, на 14 години две третини од децата во Русија веќе имаат хронични заболувања, а кај половина ученици се забележува неправилен развој во физичкиот развој, мускулите и `рбетот.
За да се надмине оваа негативна тенденција, треба одново да се разгледа приодот кон физичкото воспитување, да се повторно создаде како комплексен, ефективен и современ систем, сметај тој.
За да се постигне тоа, треба да се искористи советското искуство, посебно т.н. комплекс на спортски нормативи „Спремен за труд и одрбана“, кој, според мислењето на Путин, „создавал стандард за физичко воспитување“.
Во руските училишта ја поддржаа идејата за воведување на задолжителни нормативи за физичка подготовка на учениците. Според зборовите на директорот на едно од москвските училишта, Павел Карпов, „создавањето на барања на државата од својот иден граѓанин - е нешто што е сосема нормално“, а општата физичка подготовка никому не му пречела.
Што е тоа „Спремен за труд и одбрана“ (СТО)?
СТО бил воведен во 1931 година заради „зголемување на нивото на физичка воспитување, подготовка и мобилизациска готовност на советскиот народ, а пред сѐ - младото поколение...“.
Програмата за физичка култура и подготовка била наменета за населението од 10 до 60 години во сите професионални, образовни и спортски организации на СССР.
За да може 25-годишен маж да добие златна значка СТО, требал да истрча 100 метри за 13 секунди и да исплива 100 метри за минута и половина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче