Министерот за финансии на Кипар доаѓа во Москва

Кипар го праќа својот министер за финансии во Русија.

Официјален претставник на владата на Кипар потврди дека министерот за финансии на таа земја, Михалис Сарис, денес треба да долета во Москва, каде ќе одржи преговори со својот руски колега Антон Силуанов.

Претседателот Никос Анастасијадис продолжува да се консултира со раководителите на европските земји поради ситуацијата после одлуката на Еврогрупата да се воведе данок на банкарските депозити во Кипар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња