Денот на подморничарот во Русија се појави во 1996 година со наредба на главниот командант на Воено-морската флота на Руската Федерација. Датумот за одбележување на празникот не е избран случајно - 19 март (6 март по стар календар) 1906 година - подморниците на руската флота биле класифицирани како одделна класа воени бродови. За тоа сведочи наредбата бр. 52 од 24 март (11 март по стар календар) 1906 година, потпишана од министерот за море, а во која се кажува: „Императорот (Николај II), во 6-от ден од март годинава, наредува...да се вклучат подморниците во класификацијата на морските сили“. Овој ден се смета за официјален датум на раѓање на подморничките сили на руската флота.
За прв пат подморницата се спомнува во руските извори во 1718 година како „апарат кој може да тони“ од Ефим Никонов. Во 1834 година била создадена првата подморница според проектот на рускиот воен инженер Карл Шилдер, а потоа, според проектот на Стефан Џевацки била создадена и првата подморница која преминала во сериско производство. Од министерството во тоа време биле нарачани 50 вакви подморници за одбрана на морските тврдини.
До 1900 година Русија имала повеќе од 60 подморници.
На 4 јануари 1901 година, Морското министерство создало комисија за проектирање на подморници. Според проектот на комисијата, во 1903 година била создадена првата руска подморница „Делфин“.
Руско-јапонската војна во 1904-1905 година била првата војна во светската историја, во која зеле учество подморници.
После Првата светска војна и Граѓанската војна во Русија, состојбата на ова поле била катастрофална. Советската држава почнала да создава нова подморничка флота, па до Втората светска војна СССР имал 212 подморници од различни класи. За време на Втората светска војна од советските подморници фашистите загубиле дури 35% од своите воени и транспортни бродови.
После војната, од 1946 до 1954 година биле создадени нови 154 подморници, а нивниот број до 1958 се зголемил до 260. Во 1958 година во составот на флотата влегла и првата советска нуклеарна подморница од проектот 627 „К-3“. До 1961 година, Воено-морската флота на СССР веќе имала девет нуклеарни подморници - четири ракетни и пет торпедни.
Денот на подморничарот се слави во главните бази на флотите, каде се одржуваат свечени акции и каде се наградувани сите заслужни подморничари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче