Воените расходи на Русија растат, а во САД и Европа се намалуваат

Руските воени расходи во последнава година пораснаа.

Руските воени расходи во последнава година пораснаа и покрај светската економска криза, која ги принуди САД и Европа да ги намалат трошоците во таа област, се кажува во извештајот „Воен баланс-2013“, кој го објави во вторникот лондонскиот Меѓународен институт за стратешки истражувања.

„Како резултат на лошата економска клима - и трошоците за одбрана паѓаат веќе две години по ред во Северна Америка и САД. Во исто време гледаме раст на расходите за оружје во Северна Африка, на Блискиот Исток, Русија и Бразил, во Латинска Америка и во Азија“, изјави генералниот директор на Меѓународниот институт за стратешки истражувања, Џон Чепмен.

Во извештајот кој има речиси 600 страници, на Русија и поранешниот СССР се посветени 45 страници, и во нив доста се кажува за реформата на руските сили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња