Владата ќе го поедностави отворањето на компании

До 2018 година процедурата за регистрација на мал бизнис ќе одзеде не повеќе од пет дена, наместо досегашните триесет.

До 2018 година процедурата за регистрација на мал бизнис ќе одзеде не повеќе од пет дена, наместо досегашните триесет. Реформите ќе помогнат да се подобри инвестициската клима во Русија.

Премиерот Дмитриј Медведев ја одреди „маршрутата“ по која треба да се движи процедурата за оптимизација на регистрацијата на правни лица и индивидуални претприемачи. Таа е создадена од група при Агенцијата за стратешки иницијативи и е дел од проектот за подобрување на инвестициската клима во Русија до 2018 година. Русија сака на тој начин да го подобри своето место на рејтингот на Doing Business. Засега Русија на тој список се наоѓа на 112 место.

Според документот, регистрацијата на нови компании од малиот и средниот бизнис треба да се намали од сегашните 30 дена на 5, а трошоците од 200 долари на 137 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња