Путин ја поддржа идејата за создавање на учебник по воена историја на Русија

Нов учебник во Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин ја поддржа идејата за создавање на наставно помагало по воена историја на Русија за средните училишта. Со тој предлог се обратија кон претседателот членовите на општествената организација „Руско воено-историско друштво“.

„Таквата книга ќе им биде од корист и на младите, и на возрасните“, се согласи претседателот со предлогот на историчарите. „Тоа е многу важно, ајде да го направиме тоа“, додаде тој, ветувајќи дека ќе им нареди на министерствата за култура и образование да се позанимаваат со овој проект.

„Сегашново поколение треба да има од кој да гледа примери. Државата треба да има херои.“, забележа Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.