Интерактивниот диспеј Displair I е компјутерски уред од новата генерација кој прикажува слика директно во воздухот и дозволува да се управува со содржините со помош на прстите, како и на обичните таблет-компјутери.
Уредот сѐ уште не е излезен во официјална продажба, а за него веќе има огромна побарувачка. Компанијата им нуди две варијанти за купување на Displair. Првата - да платат 50% од вредноста и да го добијат уредот во октомври 2013, а како бонус да добијат програми за него во вредност од 2000 долари. Втората варијанта е да платат 1000 долари, но тогаш ќе треба да почекаат до декември, изјави директорот за маркетинг, Андреј Мелников.
Досега компанијата се занимаваше со усовршување на технологијата и собирање на мислења на клиентите, давајќи им на заинтересираните компании примероци за да се запознаат со неговите можности.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче