Студентите од Љубљана добија подарок - книги за Русија

На 13 март на факултетот за општествени науки во Љубљанскиот универзитет, по иницијатива на Рускиот центар за наука и култура - се одржа свечена церемонија за предавање на книги од руски издавачи, се соопштува на интернет-страницата на Россотрудничество.

Ваква акција на факултет, каде во времетраење од 20 години се предава рускиот јазик, се прави за прв пат. Книгите на руски јазик им беа подарени на идните специјалисти по меѓународни односи и на нивните наставници преку Федералната програма „Руски јазик“, која се реализира од 2011 до 2015 година.

Како подарок се дадени околу 100 наставно-методски материјали по руски јазик, книги во кои се раскажува за историјата и културата на Русија, а исто така и мултимедијални материјали (аудио-книги на дискови и филмови на ДВД), како и белетристика. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.