Русија одби да регистрира сендвич на МекДоналдс

Ланецот на ресторани за брза исхрана МекДоналдс за прв пат не може да регистрира своја марка во Русија.

Ланецот на ресторани за брза исхрана МекДоналдс за прв пат не може да регистрира своја марка во Русија. Службата за патентни спорови ја одби компанијата и нејзиното барање за регистрација на сендвичот Chicken Bacon.

Како што соопшти комисијата, оваа фаза е превод на англиските зборови „пилешко“ и „сланина“. Експертите се сложија дека фразата содржи информации за составот и својствата на производот, па затоа не може да стане заштитен знак.

Адвокатите на МекДоналдс веќе се изјаснија дека тој назив е измислен и не содржи информација за составот на сендвичот. Одборот ги смета аргументите на адвокатите на МекДоналдс за ирелевантни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња