Аеродром кој ќе може да прими од најмали до најголеми авиони и хеликоптери - ќе се појави за година и половина на активната воена база во Кереновск во Краснодарскиот крај, изјави главниот командант на ВВС на Русија, Виктор Бондарев.
Според изјавата на Бондарев, тоа нема да биде реконструкција на старата авиобаза, туку новиот аеродром ќе се гради од нула. Најголемата хеликоптерска база на ВВС во јужниот дел на Русија фунцкионира веќе 70 години.
Новата воена база ќе биде двапати поголема од претходната. Ќе бидат изградени нови хангари за хеликоптери, писта, блокови за сервис и комплекс од згради и хангари. За изградбата веќе се издвоени 212 милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче