ЕУ ќе ја тужи Русија во судот на СТО, доколку во „најкраток рок“ не биде регулирано прашањето за утилизациската давачка за увозните автомобили.
Ова го соопштува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на висок европски дипломат. Неговата изјава е дадена во кулоарите на самитот на Европската Унија, на кој се зборувало и за односите со Русија. Според зборовите на изворот на агенцијата, ЕУ настојува да се почитуваат од Русија сите обврски во рамките на СТО.
„Утилизациската давачка е само еден од примерите“. Има и такви неосновани забрани за увоз на жива стока, има зголемени тарифи за текстилот и алкохолот. Според зборовите на дипломатот, за сите тие прашања „следува сериозен разговор“. Тој ќе се одржи во рамките на заседанието на Еврокомисијата и руската влада.
Средбата ќе се одржи следната недела во Москва. Претставникот на Русија во ЕУ, Владимир Чижов, изјави дека „Русија ги знае своите обврски и ги исполнува“. Чижов напомна дека стапувањето во СТО предвидува и период на адаптација кон нормите на организацијата, и тоа мора ЕУ да го има предвид.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче