Турските туристички оператори во последниве неколку години направија најисплатливи предлози за одмор во таа земја. На Русите, пак, им се допадна топлата клима во земјата, чистите морски плажи, добриот сервис, можноста да се посети Турција речиси во секое време од годината. Секако, и турските оператори беа задоволни од оваа ситуација. Како што изјави претседателот на туристичкиот холдинг ОТИ, Ајхан Бекташ, за разлика од другите туристи, „Русите значително повеќе трошат за забава и сувенири“.
Што се однесува на оваа сезона, како што соопштуваат турските извори, Турција се подготвува да прими повеќе од 4 милиони руски туристи. Ќе им успее ли тоа? Неодамна на меѓународниот самит за туризам, министерот за култура и туризам на Турција, Ертугул Грјунај изјави дека најпривлечна за туристите е системот all inclusive - „сѐ вклучено“, што е главна особина на турскиот туристички бизнис. Сепак, пред неколку дена претставниците на хотелите Rixos во Турција изјавија дека трошоците за овој систем почнаа да ги надминуваат приходите. Тие предложија да се откажат од овој систем, ориентирајќи го својот бизнис на побогати туристи.
Побогатите руски туристи забележаа пад на квалитетот на услугите во многу турски хотели. Поради тоа, дел од нив почнаа да купуваат недвижнини во Турција, друг дел - воопшто да не патуваат во таа земја, трети - воопшто не патуваат со резервации, туку самостојно. И не само тоа, значителен дел од руските туристи започнаа да патуваат во Грција и Шпанија.
Мрежата хотели Rixos предложи да се откажат од системот „сѐ вклучено“, но според економските пресметки, таа мрежа хотели не беше поддржана од другите хотели во Турција. Затоа се појавува прашањето: „Што ќе се случи сега?“. Експертите сметаат дека без „сѐ вклучено“ кај резервациите - за руските туристи турските одморалишта ќе станат помалку привлечни. Како резултат на тоа, Турција можно да ја изгуби конкурентноста на рускиот пазар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче