Познатиот актер и режисер, Никита Михалков, ќе се проба себе си во нова област - винарство. Во неговиот дом е направена првата партија каберне-совињон, и истата треба да се појави во руските продавници и ресторани во текот на оваа година, пренесува РИА Новости.
„Со мојот партнер Константин Тувикин“ решивме да се занимаваме со винарство. Првите 16.000 шишиња црно вино од бербата од 2009-та година веќе се во продажба“, им соопшти Михалков на новинарите.
Тој изјави дека неговото лозје со големина од 100 хектари се наоѓа во италијанскиот град Тоскана. Се планира бизнисот на Михалков да се прошири до 250.000 шишиња годишно, при што ќе се произведува не само црно, но и бело вино.
Режисерот не се плаши од конкуренцијата од страна на новиот граѓанин на Русија, колега и винар со стаж - Жерар Депардје, кој има свое лозје во Луар.
Италијанското црно вино од познатиот руски режисер носи навистина интересно име. На неговата етикета со златни букци е напишано „12“. „12“ е името на еден од најпознатите филмови на Михалков. Зошто имено Михалков од избрал тоа име, тој изјави дека нему му се допаѓа, бидејќи „дванаесет“ на италијански е „додичи“.
Михалков го искористи интервјуто со новинарите да го покани и претседателот Владимир Путин да го пробаат виното „12“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче