Московскиот аеродром „Шереметјево“ е прогласен за најдобар во Европа

Московскиот аеродром Шереметјево е прогласен за најдобар во Европа според квалитетот на услугата која ја добиваат патниците.

Московскиот аеродром Шереметјево е прогласен за најдобар во Европа според квалитетот на услугата која ја добиваат патниците. Овие податоци ги објави Меѓународниот совет на аеродроми (ACI). Главниот аеродром на Москва стана лидер во европскиот регион според резултатите на истражувањето кое оваа организација го изврши на аеродромите во целиот свет. „Аеродромот ’Шереметјево’ е првиот руски аеродром кој го доби ова почесно звање на лидер во ова независно истражување и доби меѓународно признание од патниците и експертите од оваа област“, гордо им соопшти на новинарите генералниот директор на аеродромот, Михаил Василенко.

Од друга страна, генералниот директор на европското одделение на ACI, Оливие Јанковец, истакна дека Московскиот аеродром „го поврзува растот на патници со високото ниво на услуги, што сведочи за приврзаноста на менаџментот и стратешките цели на компанијата во сферата на квалитетот на услуга на патниците“.

Аеродромот „Шереметјево“ веќе учествуваше во истражувањата на ACI, и според резултатите за 2011 беше меѓу првите десет европски аеродроми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња