Министерството за здравство на Јужноафриканската република планира да испрати студенти по медицина на студии во Русија, изјави министерот Арон Мотосаледи.
Во Јужноафриканската република секоја година дипломираат 1.200 доктори, што не одговара на националните потреби.
Од 1996 година, државата секоја година праќа студенти да студираат во Куба. Таму учат на шпански јазик, а после враќањето во Јужноафриканската република мораат повторно да го употребуваат англискиот јазик. Во Русија, сепак, можат да се стекнат со образование и на англиски јазик.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче