Челјабинскиот метеор имал голема „биографија“

Научниците открија детали за метеоритот што падна кај Челјабинск.

Челјабинскиот метеор, за време на одвојувањето од релативно поголем астероид пред неколку милиони години, се судрил со некое друго небеско тело - открија руските научници за време на истражувањето на староста на метеоритот.

Научниците, исто така, утврдија дека силината на ударот во моментот на падот на метеорот кај Челјабинск не надминал килотон, а вкупната енергија на експлозијата се проценува дека изнесува 500 килотони. Утрото на 15 февруари, во близина на градот Челјабинск во Русија падна метеор. Како резултат на експлозијата на метеорот и штетите кои ги предизвика ранети беа 1000 луѓе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња