Авиопаркот на „Аерофлот“ ќе биде надополнет со нови авиони Сухој Суперџет 100

Советот на директори на ОАД Аерофлот го одобри договорот со ОАД „ВЕБ-лизинг“ за лизинг на 10 нови авиони Сухој Суперџет (SSJ 100).

Советот на директори на ОАД Аерофлот го одобри договорот со ОАД „ВЕБ-лизинг“ за лизинг на 10 нови авиони Сухој Суперџет (SSJ 100), конструирани според комплетната спецификација и барање на „Аерофлот“. Како што се наведува во соопштението на оваа авиокомпанија, овие авиони би требало да ги заменат 10-те претходно добиени авиони Сухој Суперџет 100, кои се конструирани според друга спецификација. Новите авиони треба да бидат испорачани во периодот од март 2013 до април 2014 година. Рокот на траење на лизингот е најмногу 144 месеца за секој авион.

Моментално во авиопаркот на „Аерофлот“ има 10 авиони Сухој Суперџет 100, а нарачани се вкупно 30 авиони.

SSJ 100 е првиот нов цивилен авион конструиран во Русија после распадот на СССР. Овој регионален авион со 100 места е дизајниран и произведен од компанијата „Цивилни авиони Сухој“. Кај основната верзија на овој авион, максималниот опсег изнесува 3.048 км, а кај верзијата со зголемен опсег - 4.578 км. Во јануари 2011 година овој авион го доби сертификатот АР МАК, а во февруари 2012, сертификатот EASA. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња