Вчера е одржана церемонија за предавање на акредитивните писма на првиот амбасадор на Руската Федерација во Тувалу. Тувалу е пацифичка држава во Полинезија со население од околу 11.000 луѓе. Амбасадор на Русија во Тувалу е Владимир Морозов. Морозов изјави дека Тувалу е интересен и перспективен регион.
Генералниот гувернер на Тувалу, Јаков Таеиа Италели, од своја страна изрази благодарност на Русија за хуманитарната помош за време на сушата која владееше во земјата. Гувернерот потсети на фабриката за десоленизација, изградена од страна на Русија. Во таа фабрика може да произведе 100.000 литри свежа вода дневно.
Италели, исто така, напомна дека развојот на деловните односи со Русија ќе допринесе за појава на нови работни места за жителите на Тувалу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче