Русија ќе купува воена опрема на дување

„Оружјето на дување“ се покажа како исклучително ефикасен метод во војните.

Во 2014 година Вооружените сили на Русија ќе започнат со купување на техника на дување: тенкови Т-72 и Т-80, ловци Су-27 и МиГ-31 и некои ракетни комплекси за различни намени.

Секој пакет за дување вклучува лесен „скелет“ со крило од материјал кој не пропушта воздух и е обложен со специјални средства за маскирање. Ваквата визуелна имитација може да предизвика забуна кај системите на противникот.

Производството на маскирната техника ќе се врши на фабриката „РусБал“ („Руски балон“). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња