Во Русија образованието никогаш нема да се плаќа. Вакво ветување даде претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. „Во нашата земја тоа никогаш нема да се случи, ви го ветувам тоа“, изјави шефот на државата.
„Јас сфаќам што ќе се случи доколку воведеме платно образование, земајќи го предвид раслојувањето според доходите, што е посебен проблем со кој ќе мора да се позанимаваме“, изјави Путин. „Ќе се симнеме на ниво на третостепена земја, и тоа ќе влијае на сите сфери во нашиот живот и на конкурентноста на нашата земја“, објасни Путин. „Преминот кон самофинансирано образование е апсолутно неприфатлив, и тоа нема да се случи“.
Путин нагласи дека во историјата на Русија „постојат нешта кои никој не може да ги оспори“, а тоа се исклучително ефикасниот систем за општа здравствена заштита и високото образовно ниво на населението.
Според најновото истражување на ОБСЕ, Русија има најобразовано население во целиот свет: дури 54% од граѓаните на Русија имаат универзитетска диплома.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче