Путин ја забрани работата на странските банки во Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон, според кој се забранува работата на филијалите на странските банки во Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон, според кој се забранува работата на филијалите на странските банки во Русија. Ова го соопштува РИА Новости. Во законот се кажува дека странските финансиски организации ќе можат да работат во Русија само со помош ќерките-компании и претставништвата.

Филијалите се разликуваат од ќерките-компании со тоа што тие не потпаѓаат под надзорот на руските регулатори, и, соодветно, не се обврзани да вршат отчет пред Централната банка. Засега во Русија нема отворена ниту една филијала на странска банка, па затоа овој закон само ќе ја зацврсти состојбата на тој пазар.

Во исто време функционираат во Русија и ќерки-претставништва на Уникредит Банк (припаѓа на италијанската Уникредит), Рајфајзенбанк (припаѓа на австриската Рајфајзенбанк). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.