Продолжува безвизниот режим за граѓаните на Русија до март 2014

Продолжен е безвизниот режим за Русите до март 2014 година.

Македонската влада на последната седница донесе одлука повторно да се продолжи безвизвниот режим за граѓаните на Русија, Украина, Казахстан и Азербејџан до 15.03.2014 година. Ова го изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Во првиот дел од денот руските медиуми јавија дека повторно и на неодреден временски период се воведуваат визите за жителите на Русија. Продолжувањето на безвизниот режим е побарано од Турустичко-угостителската комора на Македонија за да се зголеми бројот на туристи во нашата земја.

До следниот март, граѓаните на Руската Федерација ќе можат да ја посетуваат Македонија во времетраење од 90 дена само со важечки пасош. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.