Македонија го враќа визниот режим со Русија

„Според нашата информација, МНР на Македонија повторно го даде проектот за решавање на визниот режим, односно, негово укинување во рок од една година. Документот во моментов се разгледува“, изјави за РИА Новости аташето за односи со јавноста при Амбасадата на Русија во Скопје, Максим Рибкин.

Македонија во периодот од 15 март 2012 до 15 март 2013 година еднострано го укина визниот режим за граѓаните на Русија, Украина, Азербејџан и Казахстан, за да го зголеми бројот на туристи од тие држави. За Русите можноста за безвизен режим постоеше во 2010 и 2011 година, но само во туристичката сезона.

Додека македонските власти не донесат ново еднострано решение за укинување на визите, ќе функционира упростен визен режим, за кој има потпишано договор во 2008 година. Тоа означува дека граѓаните на Русија само со пасоши ќе можат да влегуваат во Македонија, но притоа треба да покажат оригинал од туристички ваучер, оригинална покана, или дозвола за времен или постојан престој. Освен тоа, Македонија го дозволува влезот на лица кои имаат шенгенска виза. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња