Договорот за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“ е подготвен за ратификација

Договорот за присоединување на Македонија кон „Јужен тек“ ги помина последните усогласувања и е подготвен за ратификација.

Договорот за присоединување на Македонија кон „Јужен тек“ ги помина последните усогласувања и е подготвен за ратификација. Датата кога ќе се ратифицира договорот зависи од руската страна, соопшти во четвртокот вице-премиерот и министер за финансии на Македонија, Зоран Ставревски.

Ставревски потврди дека документот ќе биде ратифициран во рок од два дена после ратификацијата од руската страна.

За почетокот на подготовките за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“ беше објавено уште во јули 2012 година. Почетокот на изградбата на гасоводот беше означен на свечената церемонија во Анапа на 7 декември.

„Гаспром“ го реализира проектот со цел да се диверзифицираат рутите за извоз на природен гас. Гасоводот ќе поминува низ Црното море, па ќе продолжи низ Јужна и Централна Европа. За реализација на површинскиот дел од проектот веќе се потпишани меѓувладини договори со Бугарија, Србија, Унгарија, Грција, Словенија и Хрватска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња