Србија ќе упати до Русија барање за вклучување на автомобилите во билатералниот договор за слободна трговија кој функционира меѓу двете држави. Доколку се оствари оваа идеја, автомобилите произведени во Србија ќе се увезуваат во Русија без царината од 30%. Како што пренесува Bloomberg, во средата ова го изјави српскиот министер за финансии, Млаѓан Динкиќ.
Министерот Динкиќ е уверен дека договорот за слободна трговија со Руската Федерација ќе привлече нови инвестиции во оваа индустриска гранка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче