Време на општа воена модернизација

САД ја гледаат 2020 година како важен датум во процесот за промена на конфигурацијата на своето глобално присуство. Меѓу другото, во 2012 година, тогашниот министер за одбрана на САД, Леон Панета, на конференцијата за безбедносните проблеми во Сингапур, изјави дека до 2020 година на Тихиот океан ќе бидат концентрирани 60% од американските морски сили, меѓу кои 6 носачи на авиони, како и поголемиот дел од надводните борбени бродови и подморници.

2020 година е исто така значаен датум и за руските и кинеските вооружени сили. До 2020 година планирано е дури 70% од руското оружје да биде модернизирано. До тогаш Кина ќе постигне важни резултати во реализацијата на програмата за модернизација на својата армија.

Русија започна да го модернизира своето вооружување во 2008 година, кога нагло беа зголемени трошоците за купување ново оружје. За само 5 години Русија успеа да модернизира 16% од своето оружје. Во моментов руските вооружени сили најчесто користат оружје кое е произведено во последните 5-10 години од постоењето на СССР.

До 2020 година Русија ќе го замени постојниот парк авиони-ловци Су-27 и МиГ-29 со авионите Су-35С, Су-30СМ, како и со авиони од петтата генерација ПАК ФА. На местото на ударните авиони Су-24 ќе дојдат бомбардерите Су-34. Постојната техника на копнените сили ќе биде заменета со три повеќенаменски борбени платформи: со тешка (Армата), средна (Курганец-25) и лесна (Бумеранг). ПВО ќе биде претставена со комплексите С-400 и С-500. Освен тоа, сите ракетни бригади на копнените трупи ќе бидат опремени со новите комплекси Искандер.

Истиснувањето на советското оружје со ново, руско, е процес кој ќе се одвива повеќе од 10 години. Замената на надводните борбени бродови ќе се врши најбавно. Судејќи по сѐ, флотата сѐ уште не ги дефинирала сите барања кон индустријата. Проектот за нов носач на авиони се наоѓа во фаза на разгледување, како и проектот за тешкиот носач на мини со комплекси на ПВО и полуавтоматски систем за управување со оружјето, како што е американскиот Иџис. Најголем акцент се посветува на создавањето на подморничката флота. Притоа, значаен дел од новите нуклеарни подморници со крстосувачки ракети „Јасен“ и атомските ракетни подморници „Бореј“ ќе бидат упатени во Тихиот океан. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња