Во Русија се намалува бројот на поддржувачи на истополни бракови. Социолозите од Аналитичкиот центар Левада, соопштија дека нивниот број во последните три години паднал од 14 на само 5%. Анкетата покажува дека денес против озаконувањето на ваквите бракови се изјаснуваат дури 85% од руските граѓани.
Што се однесува на односот на самите граѓани кон личностите со нетрадиционална сексуална ориентација, 23% од испитаниците покажале толерантност кон нивната „посебност“ и разбирање за нивните проблеми. Тие се залагаат овие особи да бидат оставени на мир да си го водат својот живот. 27% од анкетираните сметаат дека на тие личности треба да им се пружи психолошка помош. Останатите испитаници се однесуваат кон припадниците на сексуалното малцинство со многу помалку разбирање. Дури 16% од граѓаните сметаат дека тие треба да бидат изолирани од општеството, а 22% сметаат дека треба да бидат лечени и против нивната волја. 80% од руските граѓани ја одбиваат можноста хомосексуалните парови да посвојуваат деца, додека само 5% го поддржуваат посвојувањето од хомосексуални парови. 61% изјавиле дека би ги погодило доколку нивните деца или внуци станат жртви на хомосексуална пропаганда.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче