Во парк по книга: Московјани учат „буккросинг“

Пешачките зони во центарот на руската престолнина ќе станат зони за „буккросинг“.

Пешачките зони во центарот на руската престолнина ќе станат зони за „буккросинг“. Тоа значи дека на посебни места граѓаните ќе можат да ги остават книгите кои ги прочитале, за да можат други граѓани на Москва да ги земат и да ги читаат. Ова го изјави секретарот за култура на градот Москва, Сергеј Капков.

Минатата година во парковите на Москва веќе беа организирани акции за давање книги од еден на друг читател, односно, т.н. „буккросинг“. За да се реализира размената на книги по овој модел, потребно е книгата која сте ја прочитале или која сакате да ја дадете на некој друг читател - да ја регистрирате на интернет-страницата за книги, на корицата да залепите регистарско бројче, а потоа да ја ставите на полица на некои од предвидените локации.

Понатаму може да се следи „патот на книгите“ преку Интернет. Во овој момент  со „буккросинг“ се занимаваат и многу продавници, кафе-барови, клубови и библиотеки. Капков, исто така, изјави дека оваа година на уредување на пешачки градски зони ќе бидат потрошени околу 114 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња