„Известија“ дознава дека Обединетата авиокорпорација започна да разработува модификација на т.н. „авион на 21 век“ - МС-21. Рестартирањето на разработката е првиот чекор во реализацијата на планот, за кој пред година и половина зборуваше шефот на Обединетата ациокорпорација, Михаил Погосјан.
Во компанијата кажуваат дека авионот ќе се разликува од МС-21, бидејќи во неговата разработка се планира користење на посовремени технологии. Единствен авион кој се произведува во Русија, а е наменет за подалечни релации, е Ил-96, кој е создаден уште во времето на СССР.
Новиот авион има кабина е широка 5 до 6 метра, за разлика од обичните авиони, кај кои кабината е широка 4 метра. Ова ќе дозволи да се инсталираат до 10 седишта во еден ред. Новиот авион ќе биде предвиден за летови над 4.000 километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче