Преговорите кои Нов Зеланд ги води со Русија и другите земји на Царинската унија за воведување на зона на слободна трговија преминуваат на практично ниво. Според податоците на Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола („Росселхознадзор“), на 13 март завршија консултациите со претставниците на амбасадите на Нов Зеланд во Москва за вклучување на новозеландските извозници на месо и млеко во регистарот на претпријатијата кои имаат право да ги испорачуваат своите производи во Русија и во целокупниот регион на Царинската унија.
Овие прашања би требало дефинитивно да бидат решени за време на посетата на раководството на ветеринарната служба на Нов Зеланд во Москва. Ќе се разговара за усогласување на ветеринарните сертификати. Овој состанок ќе се одржи на 23-24 април годинава.
Што се однесува до растот на новозеландскиот извоз во регионот на Царинската унија, тој пред сѐ се однесува на млечните производи, бидејќи Нов Зеланд е еден од најголемите светски играчи на тој пазар, и, според тоа - е традиционален извозник на оваа стока во земјите на ЗНД (од шеесеттите години на 20 век).
Од друга страна, индустриските производи на Русија, Белорусија и Казахстан ќе бидат претставени на новозеландскиот пазар во поголеми количества и асортиман. Овде, меѓу останатото, ќе биде застапена и техника за геолошки истражувања и екстракција, бидејќи и самиот Нов Зеланд е заинтересиран за истражување на резервите на гас во своето крајбрежје.
Освен Нов Зеланд, заинтересираност за приклучување кон Царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан - изразија и Виетнам и Киргистан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче