Во трка за дополнителен приход, железничките компании се подготвени да го позајмат искуството на авиокомпаниите. Како што стана познато за весникот РБК, во Русија се планира организирање на продавници Duty free во возовите на одредени компании. Пилот-проектот ќе биде активиран на брзиот воз „Столични експрес“ кој сообраќа меѓу Москва и Киев. Потоа компанијата ќе ја разгледа можноста за воведување на слична услуга и во возот „Лев Толстој“, кој сообраќа меѓу Москва и Хелсинки.
Асортиманот на стоки ќе биде сличен како оној во авионите (алкохолни пијалаци, парфеми и козметика и др.). Засега не се кажува кој ќе биде оператор на овие продавници, бидејќи самиот договор за создавање сѐ уште не е потпишан. Во овој момент во Русија функционираат околу 30 компании кои се занимаваат со ваков вид трговија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче