Во март-април се очекува потпишување на договорот за изградба на руски супертешки танкери од по 7.100 тона за Туркменистан, соопштува „Туркменинформ“. Така, туркменистанската „нафтена“ флота, земајќи ги предвид и претходните испораки од Русија, ќе биде составен целосно од руски пловила.
Нафтата и нафтените продукти се основни суровини на извозот од Туркменистан. Руската продукција не само што го задоволува Ашхабад по квалитетот, туку и по цените кои ги нуди руската страна.
Во рамките на програмата за развој на Туркемнисканската морска трговска флота до 2020 година, Туркменистан ќе купи два супертанкера за превоз на нафта и нафтени продукти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче