„Дозволете ми да го повторам тоа што државниот секретар му го рече на Лавров за време на средбата во Берлин и за време на телефонскиот разговор - ние сакаме Русија да соработува со нас во изнаоѓање решение кон изградба на една друга, подемократска иднина за Сирија врз основа на Женевските договори од јуни“, изјави Нуланд, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу Џон Кери и Сергеј Лавров.
„Ние, исто така, се надеваме дека Русија ќе ја разгледа својата позиција во однос на испораките на оружје во поддршка на режимот на Асад. Ние ќе продолжиме да работиме со Русите и ќе ги повикаме да помогнат“, изјави дипломатот.
Притоа, претставникот на Стејт департментот повторно изјави дека САД не го гледаат Асад во идната преодна влада на Сирија, пренесува ИТАР-ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче